logo
logo
logo

Милан се спаси од пораз кај Фиорентина (ВИДЕО)

Vecer | 11.01.2026

Милан се спаси од пораз кај Фиорентина (ВИДЕО)

Екипата на Фиорентина освои огромен бод на домашен терен против тимот на Милан во ремито 1:1. Екипата од Фиренца се наоѓа во многу лоша резултатска состојба и бодовите до крајот на шампионатот се неопходни.
Токму затоа ова реми е многу важно, особено што е против еден од фаворитите во шампионатот.

Домаќинот дојде до водство по голот на Комузо во 66. минута откако овој искористи екстра изведен корнер.

Милан не се испаничи, заигра подобро на противничката половина, нападна и успеа да дојде до реми. Во деведесеттата минута Нкунку успеа од тежок агол да распали и да погоди крај немоќниот Де Геа.

Милан е втор со 40 бодови, додека Фиорентина е на 18. место со 14. бода.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk