Фудбалерите на Милан и вечерва не успеаја да излезат од неверојатната криза во финишот на сезоната во Серија А и повторно дозволија да бидат посрамотени пред сопствените фанови. Во натпреварот од 36. коло, Аталанта го порази тимот на Алегри со 2:3 на „Сан Сиро“ и го стави под голем знак прашалник настапот на Милан во Лигата на шампионите следната сезона.
Едерсон и Запакоста го најавија потопот на Милан со двата гола во првите 45. минути, по што Распадори ги закопа сите надежи на „росонерите“ со голот во 52. минута. Милан се спасуваше од срамот со голот на Павловиќ во 88. минута и оној на Нкунку од белата точка во 94. минута од средбата.
Овој пораз го остава Милан на 4. место кое води во ЛШ, но со идентичен број на бодови со Рома која е петта и само два бода пред Комо кој во последните две кола сериозно ќе нападне на место во ТОП 5.