logo
logo
logo

Милан го претстави планот за новиот стадион

Vecer | 28.09.2023

Милан го претстави планот за новиот стадион

Тимот на Милан официјално го претстави својот проект за нов стадион пред општинскиот совет на миланското предградие Сан Донато, каде што ќе се гради објектот.

Идниот стадион ќе има капацитет од околу 70 илјади гледачи и ќе го користи само Милан секако. Оттаму најавија дека целта им е да изградат иновативен, одржлив и мултифункционален објект. Дизајнот, кој ќе биде откриен во подоцнежна фаза, ќе го подготви популарната архитектонска фирма MANICA, а проектот е доверен на АЦВ ICON. Намерата на клубот е да има најодржлив стадион во Италија, кој ќе биде меѓу водечките во овој поглед и во Европа.

Затоа се планира да се користат мерки за заштеда на енергија, обновливи извори на енергија и систем за рециклирање на вода. Ќе се земе предвид и пристапот за навивачите со посебни потреби, а за удобност на сите симпатизери, седиштата ќе бидат пошироки, а трибините ќе бидат блиску до теренот. На стадионот ќе има и различни опции за храна и пијалоци. Околу него ќе бидат изградени и клупски музеј, продавница и канцеларии, како и хотел и ресторани.

Во соопштението на клубот не се наведени клучните датуми за проектот, но според локалните медиуми, изградбата на новиот стадион ќе започне на крајот на 2025 година, а неговото отворање е планирано за 2028 или најдоцна 2029 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk