Уште еднаш Лео Меси покажа кој е кој. Интер Мајами го доби својот прв натпревар под водство на Гилермо Охос откако ги победи Колорадо Рапидс со 3-2 на гостински терен во натпревар од МЛС. Пред повеќе 75.000 гледачи во Денвер, Лионел Меси им донесе водство на гостите во 18-тата минута кога реализираше пенал.
Во петтата минута од продолжението на првото полувреме, Интер Мајами водеше со 2:0. По одлична комбинација, Матео Силвети центаршутираше од десната страна, а Хермин Бертераме постигна гол со глава. Во 58-мата минута, Колорадо се врати во игра со убав индивидуален пробив од Рафаел Наваро.
Само четири минути подоцна, домашните играчи израмнија. Лукас Херингтон испрати долг пас до Дарен Јапи, кој ја смести топката меѓу нозете на Дејн Сент Клер.
Сепак, Интер Мајами ја обезбеди победата со вториот гол на Меси на натпреварот во 79-тата минута. Родриго Де Пол му додаде топка на својот сонародник, а Меси се спушти во шеснаесетникот, ја смести топката на левата нога и постигна гол со прецизен удар насочен кон крајниот десен агол. Прекрасен гол.