Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го постигна својот прв гол во новата сезона во МЛС. Фудбалерот на Интер Мајами го постигна првиот од двата гола на својот тим во победата од 2-1 на гости кај Атланта Јунајтед.
Во 20-тата минута ја украде топката, па на работ од шеснаесетникот го исфрли противничкиот дефанзивец, иако голманот А.Јунјатед излезе да го скрати корнерот, Меси го матираше и само ја протна топката во мрежата.
Тоа беше прв гол на Меси во четвртото коло во новото издание на МЛС шампионатот, а има и две асистенции. Со овој гол Меси ја продолжи својата неверојатна серија. Тој постигна гол во сите 22 професионални сезони во кои играше.
Тимот од Флорида е прв по четири кола со три победи и едно реми.
Messi steals it, Messi finishes it.
🐐 things. pic.twitter.com/u0RovdUfzq
— Major League Soccer (@MLS) March 16, 2025