logo
logo
logo

Меси со мајсторија му донесе важна победа на Интер (ВИДЕО)

Vecer | 19.06.2025

Меси со мајсторија му донесе важна победа на Интер (ВИДЕО)

Фото: ФЦ Интер Мајами/Твитер

Фудбалерите на Интер Мајами го совладаа Порто со резултат 2:1 во натпреварот од второто коло во групата А на Светското клупско првенство на ФИФА кое се одржува во САД.

Порто поведе во осмата минута со гол од пенал на Саму, но Интер направи пресврт на почетокот од второто полувреме. Прво Теласко израмни во 47. минута, а само седум минути подоцна Лионел Меси постигна спектакуларен гол од слободен удар за конечна победа.

 


Палмеирас во првиот натпревар од денот го победи Ал Ахли со 2:0, па сега и тие заедно со Интер Мајами се на врвот на табелата со по четири бода пред меѓусебниот дуел што ќе се игра во ноќта меѓу понеделник и вторник. Евентуално нерешен резултат на таа средба би значел пласман понатаму за двете екипи, без разлика на исходот од мечот меѓу Порто и Ал Ахли.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk