logo
logo
logo

Меси повторно е шампион! Интер Мајами ја освои МЛС лигата (ВИДЕО)

Vecer | 06.12.2025

Меси повторно е шампион! Интер Мајами ја освои МЛС лигата (ВИДЕО)

По шампионските титули во Шпанија, титулата шампион во Франција, освојувач на Лигата на шампионите, Копа Америка и Светското првенство, Лионел Меси во своето импресивно фудбалско досие од вечерва ја има и титулата во американската МЛС лига. Во големото финале на сезоната, вечерва Интер Мајами со 3:1 славеше над тимот на Ванкувер и успеа да ја освои шампионската титула, што е и прва титула за Аргетинецот во розевиот дрес на момците од Флорида.

Меси ја освои својата прва титула во МЛС со Интер Мајами, не постигна гол, но директно придонесе за сите три гола во победата од 3-1 над Ванкувер, во чии редови беше германскиот ветеран Томас Милер. Сметајќи ги трофеите освоени со Барселона, Пари Сен Жермен, Интер Мајами и аргентинската репрезентација, Меси сега има 44 титули како професионален играч.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk