logo
logo
logo

Меси: Ова е за мене премиерен дуел против Англија, затоа е посебен

Vecer | 12.07.2026

Меси: Ова е за мене премиерен дуел против Англија, затоа е посебен

При пост меч интервјуто на дуелот Аргентина – Швајцарија синоќа во кој „Гаучосите“ со 3:1 обезбедија пласман во полуфиналето од Мундијалот, Лионел Меси објави податок кој очигледно малку е познат. Тој во својата кариера никогаш не играл против Англија, репрезентацијата која што е противник на неговата Аргентина во полуфиналниот дуел.

„Натпреварите против големи репрезентации секогаш се посебни. Никогаш порано не сум играл против Англија , па затоа ќе биде уникатен натпревар. Тоа е полуфинале на Светското првенство. Сега ќе се одмориме и ќе почнеме да се подготвуваме за него. Вложивме огромен напор за да поминеме низ продолженија двапати и уште еден натпревар и тоа покажува нешто“, рече Меси па додаде.

„Многу сум среќен со победата против Швајцарија. Беше тежок натпревар. Се повлековме откако постигнавме гол. Од таа позиција ни беше тешко да напаѓаме и само испраќавме долги топки.“ – додаде Меси.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk