logo
logo
logo

Меси го повикал Модриќ да му се придружи во Мајами

Vecer | 24.04.2025

Меси го повикал Модриќ да му се придружи во Мајами

Лука Модриќ е голема желба на Лионел Меси. Шпанските медиуми пишуваат дека аргентинскиот великан го повикал Хрватот во Интер Мајами. Клубот во косопственост на Дејвид Бекам беше заинтересиран за Модриќ во последните години, но во последните лета тој го продолжи договорот со Реал на по една сезона.

Но, Шпанците наведуваат дека тоа тешко дека ќе се случи ова лето. Посочуваат дека Реал по раното испаѓање од Лигата на шампионите и трчањето зад Барселона во Ла Лига, тргнува на генерален ремонт и дека се поверојатно е дека во рамките на тоа ќе му се заблагодарат на Модриќ. Тој е капитен, клупска легенда и најодликуван играч, но се чини дека по 13 години во Мадрид е блиску до заминување. Неговиот договор завршува на 30 јуни, а Реал се уште не му понудил продолжување.

Модриќ и покрај напредната возраст не сака да се пензионира бидејќи целта му е да игра за Хрватска на Светското првенство следната година кое се одржува во САД.

Интер Мајами е предводен од Меси, а во тимот се и неколку ветерани легенди на Барселона – Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба. Минатата регуларна сезона во МЛС ја заврши како тим со најмногу бодови, но потоа беше елиминиран во првото коло од плеј-офот од Атланта. Новата сезона ја отвори со пет победи и три нерешени. Интер Мајами летово ќе игра во клупското СП.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk