logo
logo
logo

Меси е најдобриот асистент во историјата на фудбалот (ВИДЕО)

Vecer | 30.11.2025

Меси е најдобриот асистент во историјата на фудбалот (ВИДЕО)

Фото: ФЦ Интер Мајами/Твитер

Интер Мајами го декласираше Њујорк Сити со 5:1 во финалето на Источната конференција на МЛС. Аргентинецот Тадео Аљенде постигна хет-трик, неговиот сонародник Матео Силвети додаде еден гол, а еден постигна Теласко Сеговија. Џастин Хак го постигна утешниот гол за Сити.

Сепак, главната приказна на вечерта е Лео Меси кој стана најдобар асистент во историјата на фудбалот. Силвети постигна гол, а Меси стигна до својата 405-та асистенција во кариерата, една повеќе од легендата на Реал Мадрид, незапирливиот Унгарец Ференц Пушкаш. Меси со тоа стигна до 896 гола и 405 асистенции во 1136-от натпревар од својата кариера, или импресивни 1301 голови и асистенции вкупно.

Меси е веќе најодликуваниот играч во историјата на фудбалот, а сега е во потрага по својот 47-ми трофеј во прекрасната кариера во која освои сè. Интер Мајами ќе го игра финалето на МЛС против Ванкувер во сабота, 6 декември.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk