logo
logo
logo

Мектоминеј: Во Наполи откажување не е опција

Vecer | 12.01.2026

Мектоминеј: Во Наполи откажување не е опција

Football Italia X

Синоќа во Милано се одигра големото дерби од овогодинешната сезона во Серија А, помеѓу екипите на Интер и на Наполи кое што заврши нерешено 2:2.

Скот Мектоминеј продолжува да импресионира во дресот на Наполи, и да биде еден од најдобрите играчи на овој тим. Вчера ги постигна двата гола за својот тим.

„Цело време верував дека сме во игра. Играчите даваат сè од себе. Без Ангис, без Лукаку, без Гилмур, без Де Брујне, без Рахмани од почетокот на сезоната, Нерес е повреден… Мислам, тоа е како Интер да е без Лаутаро Мартинез, без Турам, без Барела, без Чалханоглу“, рече Мектоминеј па додаде.

„Секако, грешките се дел од фудбалот. Не можете да се срушите, мора да станете и да се обидете да го дадете најдоброто од себе. Секој прави грешки во фудбалот, па затоа само сакам да го дадам најдоброто од себе и да му помогнам на тимот колку што е можно повеќе“, додаде Мектоминај.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk