logo
logo
logo

Меч за уживање: Виљареал имаше 0:2, ама во 90+5.минута постигна победнички гол на гости кај Сосиеад!

Vecer | 30.11.2025

Меч за уживање: Виљареал имаше 0:2, ама во 90+5.минута постигна победнички гол на гости кај Сосиеад!

ФОТО: Real Sociedad de Fútbol/FB

Одличен меч, просто за неделно фудбалско уживање одиграа Сосиеад и Вљареал за конечни 2:3 во рамките на 14.коло во Ла Лига. “Жолтата подморница“ имаше 0:2 и тоа со головите на Перез и Молеиеро. И се чинеше дека ова ќе биде уште една победа на Виљареал.

Но, така не мислеа домашните играчи на Сосиедад. Па така со головите на Солер во 61.минута и на Баранчеа во 87.минута успеа да израмни. И не само тоа, Сосиедад тргна кон целосен пресврт, кон победа.

Тоа им се одмазди, зошто гостите со голот на Молеиро во 90+5.минута сепак успеа да победи и со тоа да ја продолжи победничката серија.

Сега Виљареал е втор на табелата со 32 бода, колку што има и Реал Мадрид, ама “кралевите“ имаат меч помалку.

Ете затоа Ла Лига е нешто посебно, веројатно по ПЛ е најквалитетната лига во светот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk