logo
logo
logo

Мбапе повторно е играч на месецот во Ла Лига!

Vecer | 01.11.2025

Мбапе повторно е играч на месецот во Ла Лига!

ФОТО: Real Madrid FC/FB

Килијан Мбапе е прогласен за најдобар играч за месец октомври во Ла Лига. Ова за напаѓачот на Реал Мадрид е второ вакво признание од стартот на сезоната, тој беше нај, нај и за месец септември.

Со ова Мбапе се запиша во историјата на „Кралевите“ како прв играч на овој клуб кој двапати по ред бил прогласуван за играч на месецот.

Французинот во Ла Лига за Реал Мадрид минатиот месец одигра три меча и постигна три гола и имаше една асистенција. Секако дека победата во Ел Класико и тоа како му овозможи да го добие ова признание.

Од стартот на сезоната, Мбапе во Ла Лига во дресот на Реал Мадрид на десет меча постигна 10 голови и е водечки стрелец.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk