logo
logo
logo

Мбапе ја доби „Златната копачка“! (ВИДЕО)

Vecer | 31.10.2025

Мбапе ја доби „Златната копачка“! (ВИДЕО)

ФОТО: Real Madrid C.F./FB

Мега – ѕвездата на Реал Мадрид и на светскиот фудбал, Килијан Мбапе ја доби “Златната копачка“ како најдобар стрелец во Европа за минатата сезона во која постигна 31 голови на 34 меча.

Тој собра повеќе поени од Виктор Ѓокереш и Мохамед Салах, а престижното признание му беше доделено денеска во свечената ложа на „Сантијаго Бернабеу“, на пригодна церемонија на која беше и првиот човек на Реал, Флорентино Перез, како и неговите клупски соиграчи.

Инаку и покрај сите тие голови, Мбапе не успеа да дојде до трофеј во својата прва сезона во редовите на „Кралевите“ ако не се смета освоениот Супер Куп на УЕФА.

Ова се сите 31 голови на Мбапе:


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk