logo
logo
logo

Мбапе го “реши“ Азербејџан, па се повреди, Германија убедлива…

Vecer | 10.10.2025

Мбапе го “реши“ Азербејџан, па се повреди, Германија убедлива…

ФОТО: Équipe de France de Football/fb

Покрај мечот во Гент, каде Македонија одигра 0:0 кај Белгија и освои голем бод, се одиграа уште неколку мечеви во квалификациите за СП 2026.

Франција на “крилјата“ на Килијан Мбапе немаше никакви проблеми со Азербејџан. Ѕвездата на Реал Мадрид постигна прекрасен гол за 1:0, следуваше асистенција до Рабио за 2:0, а во 83.минута се повреди и беше заменет. Франција и без него постигна уште еден гол за конечни 3:0.

Германија со 4:0 очекувано го победи Луксембург, а вистинска голеада од 3:5 имаше на средбата меѓу Исланд и Украина.

Косово и Словенија одиграа без голови, С. Ирска славеше против Словачка со 2:0, и на крај Шведска дома беше поразена од Швјцарија со 0:2.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk