logo
logo
logo

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо, Реал оствари нова победа во Примера

Vecer | 20.12.2025

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо, Реал оствари нова победа во Примера

Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Севиља со 2:0 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Натпреварот на Сантијаго Бернабеу го одбележа Килијан Мбапе кој со нов погодок го изедначи рекордот на Кристијано Роналдо за најмногу голови во една календарска година во дресот на „кралскиот клуб“.

Севиља подобро го започна мечот и имаше неколку одлични шанси во првите 15 минути. Кон голот на Куртоа се заканија Алексис Санчез и Ромеро, но фантастичниот белгиец ги одби сите напади на гостинскиот тим. По првичниот налет на Севиља, Реал ја превзеде иницијативата и почна да притиска. Џуд Белингем со одличен удар со глава го отвори резултатот во 38-та минута. Во второто полувреме Севиља повторно подобро започна и нанижа неколку шанси пред голот на Куртоа, кој повторно фантастично бранеше. На другата страна Реал имаше неколку добри шанси преку Мбапе, но мрежите мируваа. Во 68-та минута Маркао доби црвен картон и го стави својот тим во голем проблем. Килијан Мбапе стави точка на натпреварот со гол од белата точка во 86-тата минута, по еден груб старт на Санчез кој го фаулираше Родриго во казнениот простор.

Со овој триумф Реал дојде на -1 зад водечката Барселона, која утре го игра својот натпревар против Виљареал. Севиља се наоѓа на 9-тото место со 20 бода.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk