logo
logo
logo

Мавританците со порака: “Не си одиме додека не го добиеме дресот на Меси!“(ВИДЕО)

Vecer | 28.03.2026

Мавританците со порака: “Не си одиме додека не го добиеме дресот на Меси!“(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen

Со головите на Енцо Фернандез и Нико Паз, Аргентина ја победи Мавританија со 2:1. Гостите пристигнаа во Буенос Аирес како замена за Шпанците во последен момент и успеаја да постигнат гол против актуелниот светски шампион. Неверојатни сцени се случија по натпреварот. Гостите предизвикаа апсолутен хаос поради дресовите на светските шампиони. Лионел Меси беше првиот што беше на удар. Веднаш по завршувањето на натпреварот, играчите на мавританската репрезентација го опкружија еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и сите го сакаа дресот со број 10. Обезбедувањето мораше да реагира во тие моменти. Меси беше тргнат од теренот, но ни тоа не беше крајот. Гостите чекаа пред соблекувалната. Бараа дресови и конечно ги добија со нови неверојатни сцени и пораката:

Нема да си одиме додека не ги добиеме“. Еден од играчите од торбата делеше дресови на репрезентацијата на Аргентина. Имаше и конфликт меѓу играчите на Мавританија бидејќи некои очигледно не беа задоволни од „победата“.

Сосема е јасно дека овој натпревар беше најголемиот во нивните животи за повеќето играчи од оваа африканска селекција. Не се игра секој ден против светски шампиони, но овие сцени се навистина нешто неверојатно.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk