Мароканската фудбалска федерација објави дека Валид Реграги поднесе оставка од функцијата селектор на националниот тим.
50-годишниот специјалист ја напуштил репрезентацијата по поразот во финалето на Африканскиот куп и е во преговори со клубови од Премиер лигата и Ла Лига. Мохамед Уаби, кој претходно ја водеше репрезентацијата на Мароко до 20 години е назначен за нов селектор на мароканската репрезентација.
На Светското првенство во 2026 година, кое започнува за три месеци, Мароко ќе игра во истата група со Бразил, Шкотска и Хаити.