logo
logo
logo

Мареска со критики до ФИФА: Ова веќе не е фудбал!

Vecer | 29.06.2025

Мареска со критики до ФИФА: Ова веќе не е фудбал!

фото: Chelsea FC (X)

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, изјави дека е незадоволен од организацијата на Светското клупско првенство, кое се одржува во Соединетите Американски Држави.

Челзи се квалификуваше за четвртфиналето на Светското првенство откако утрово во Шарлот ја победи Бенфика со 4-1 по продолженијата во осминафиналето.

Натпреварот беше прекинат во 86-тата минута поради временските услови, па продолжи по пауза од речиси два часа.

Среќен сум поради победата, но овде се случуваат работи што не можам да ги разберам. Ова не е фудбал. Разбирам дека натпреварот мора да се прекине од безбедносни причини, но веројатно ова не е вистинското место за играње фудбал. Прекинувањето на натпреварот на два часа не е фудбал“, рече Мареска по натпреварот.

„Сините“ ќе играат против Палмеирас во четвртфиналето на Светското првенство


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk