logo
logo
logo

Мане се премисли: Нема да се пензионирам, ќе играм и на СП 2026

Vecer | 19.01.2026

Мане се премисли: Нема да се пензионирам, ќе играм и на СП 2026

фото: AFCON 2025 (X)

Најдобриот фудбалер на репрезентацијата на Сенегал, Садио Мане, изјави дека ќе ја заврши својата репрезентативна кариера доколку неговата репрезентација го победи Мароко во финалето на Африканскиот куп на нации. Тоа се случи, но офанзивниот играч реши да ја повлече претходната одлука.

Садио Мане беше прогласен за најдобар играч на престижниот турнир, а неговиот Сенегал го крена пехарот по победата над домаќинот (1:0) што ќе се памети долго, долго време.

„Ќе се обидам да играм на Светското првенство во 2026 година, а потоа ќе се повлечам од националниот тим. Саудиската лига е многу конкурентна и силна, луѓето мора да го знаат тоа. Тоа е едно од најдобрите првенства на планетата “, изјави поранешната ѕвезда на Ливерпул и Баерн Минхен.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk