logo
logo
logo

Манчестер Јунајтед во последен момент тргнува по светскиот првак!

Vecer | 31.08.2025

Манчестер Јунајтед во последен момент тргнува по светскиот првак!

фото: Manchester United (X)

Емилијано Мартинез во Манчестер Јунајтед? Па, и не е изненадување ако се знае дека Рубен Аморим има и тоа какви проблеми со голманите Андре Онана и Алтај Бајиндир.

Оваа “приказна“ со голманот на Астон Вила и на светскиот првак Аргентина и не е нова. Датира уште на почетокот на летниот преоден рок, ама тогаш не дојде до трансфер.

Првата опција на Јунајтед беше Џиџи Донарума, кој сепак се одлучи за Манчестер Сити.

Секако дека ако веќе трансферот на Мартинез на “Олд Трафорд“ е посакуван од Јунајтед, тогаш ќе мора експресно да се реагира.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk