Фудбалерите на Вест Хем одиграа нерешено против екипата на Манчестер Јунајтед со 1:1 во вечерашниот натпревар од Премиер Лигата. Екипата на Мајкл Керик не успеа во својата намера да победи пет натпревари по ред и киксна на тешкото гостување во Лондон, откако ги победи предходните четири меча во најсилната лига на светот.
Фантастичниот Томас Соучек го отвори резултатот во 50-тата минута на асистенција на Џарод Бовен. До крајот на мечот „црвените ѓаволи“ се обидуваа да стигнат до изедначување, а тоа пристигна дури во 95-тата минута кога Шешко брилијантно погоди и го постави конечниот резултат. Со ова реми „чеканите“ останаа на 18-тата позиција со 24 бода, а Манчестер Јунајтед се наоѓа на 4-тото место со 45 бодови.