logo
logo
logo

Манчестер Ј. има нов спонзор на дресовите од кој ќе добие 235 милиони фунти

Vecer | 19.03.2021

Манчестер Ј. има нов спонзор на дресовите од кој ќе добие 235 милиони фунти

Манчестер Јунајтед денеска објави дека потпишал договор за спонзорство на дресовите со технолошката компанија „TeamViewer“.

Договорот ќе биде на 5 години, а за време на договорот, Манчестер Јунајтед ќе добие 235 милиони фунти (47 милиони фунти по сезона). Почнувајќи од следната сезона, логото на TeamViewer ќе се најде на новите дресови на „ѓаволите“.

TeamViewer е развивач на софтвер, особено за далечински пристап до компјутери. Претходно, од договорот со Шевролет, Јунајтед добиваше околу 64 милиони фунти по сезона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk