logo
logo
logo

Мајкл Карик е новиот фаворит за менаџер на Манчестер Јунајтед

Vecer | 12.01.2026

Мајкл Карик е новиот фаворит за менаџер на Манчестер Јунајтед

Екипата на Манчестер Јунајтед повторно е на крстопат што се вели. Повторно остана без менаџер откако беше отпуштен Рубен Аморим. Во моментов тимот е воден од страна на Дарен Флечер кој што е тука додека не се најде привремено решение.

Најпрво тоа се сметаше дека ќе биде Оле Гунар Солскјер, но денеска јавноста на Островот почна да шпекулира со уште едно име.

Мајкл Карик се појавува како можно решение за привремен менаџер до лето, односно да ја доврши актуелната сезона.

Сојскјер веќе има искуство со водење на Јунајтед во периодот 2018-2021. „Тајмс“ пак објави дека Карик, кој помина 12 години на „Олд Трафорд“ како играч и имаше краток период како привремен менаџер во 2021 година, оставил добар впечаток за време на престојот.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk