logo
logo
logo

Луис Енрике: Дали сум легенда? Не ме интересира тоа!

Vecer | 31.05.2026

Луис Енрике: Дали сум легенда? Не ме интересира тоа!

Фото: ПСЖ Х

ПСЖ ја освои Лигата на шампионите по изведување на пенали. Финалето заврши 1-1 по регуларното време, а во продолжението од половина час не беа постигнати голови. Каи Хаверц постигна гол во 6-тата минута за Арсенал, додека Усман Дембеле постигна гол од пенал за ПСЖ во 65-тата минута.

Шпанскиот тренер Луис Енрике ја освои својата трета европска титула. Првпат победи со Барселона во 2015 година, кога го победија Јувентус со 3-1 во финалето. Минатата година, како тренер на ПСЖ го демолираше Интер со 5-0. Тој ги сподели своите впечатоци по натпреварот.

„Имам мешани чувства, главно возбуда и замор. Освоивме две првенства по ред, неверојатно е. Ова е најдобриот момент од сезоната. Заслуживме да ја освоиме титулата. Беше многу тешко. Честитки до Арсенал, играа одлично. Се обидоа да играат според своите силни страни и да ја контролираат играта, но ние победивме. Дали сум легенда? Не ми е гајле“, рече Енрике.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk