Неверојатно е тоа што се случува во БиХ, поточно во Сараево во врска со сликичките Панини. Од раните утрински часови, улиците на Сараево се преплавени со колекционери, кои во потрага по нови сликички ги „преплавија“ продажните места. Вработените во трафиките известуваат за неверојатни сцени, наведувајќи дека поединци купиле по 100 пакетчиња одеднаш, додека залихите од 500 пакетчиња исчезнале за помалку од еден час. Пребарувањето станало невозможна мисија за многумина. Еден од колекционерите потврдил дека посетил над 50 продажни места на рутата од Илиџа до Марин Двор, но не можел да го најде ниту албумот ниту сликичките.
Оваа година, Панини воведе значајни промени во пакувањето и цената:
Едно пакување во Босна и Херцеговина чини 2,50 км.
Наместо претходните пет, секое пакување сега содржи седум сликички. Компанијата што е увозник потврди дека колекционерите нема да мора да чекаат долго за да се надополни залихата. Нов и уште поголем контингент сликички треба да пристигне на продажните места веќе на почетокот на следната недела.
Јасно е зошто е тоа така, и се поради фактот дека БиХ по вторпат во својата историја ќе игра на СП.