Неверојатен, фантастичен меч од 25.коло во Премиерлигата на “Ст.Џејмс Парк“ на кој Брентфорд како гостин го победи Њукасл со 2:3. Динамика, голови, пенали, и овој меч го имаше се она што го носи таа магија на најсилната лига во светот. Едноставно, вистинска лудница, класичен премиерлигашки меч.
А се започна со 24.минута кога Ботман му донесе водство на “страшките“ за еуфорија на трибините. Сепак Џанелт во 37.минута израмнува на 1:1, за да во 45+2.минута Брентфорд од пенал со голот на Игор Тиаго поведе со 1:2, со тој резултат и се замина на пауза.
Во второто полувреме, шанси на двете страни, речиси се играше како во транс.
Во 79.минута повторно пенал, но сега за домашните а Бруно Гимараеш беше сигурен за 2:2.
И кога се чинеше дека Њукасл со сите сили ќе тргне во напад за нов гол и за победа, Куатара го шокираше домашниот состав за гол, за 2:3 и за победа на гостите, секако и за молк на трибините на „Ст.Џејмс Парк“.