logo
logo
logo

ЛШ: “Редси“ со гол од пенал во 88.минута за триумф на “Меаца“, Барса повторно со пресврт до победа

Vecer | 09.12.2025

ЛШ: “Редси“ со гол од пенал во 88.минута за триумф на “Меаца“, Барса повторно со пресврт до победа

ФОТО: Inter/FB

Вечерва од вообичаениот термин од 21 часот се одиграа седум мечеви од 6.коло во ЛШ. Дербито се играше на “Меаца“ во Милано каде Ливерпул славеше со 0:1 и тоа со гол од пенал во 88.минута откако Собослаи беше прецизен од белата точка. На пеналот му претходеше ВАР одлука каде убаво се виде дека Бастони го повлече за дресот Вирц. Несфатлива глупост на еден од најдобрите стопери во светот.

Ова е вториот пораз на Интер во ЛШ, втор во низа.

Барселона на свој терен славеше со 2:1 против Франкфурт и повторно со пресврт. Германците поведоа со голот на Кнауф, а потоа Кунде со два гола донесе победа за каталонскиот гигант.

Челзи имаше водство во Бергамо, но сепак на крајот Аталанта славеше со 2:1.

ПСВ – Атлетико Мадрид 2:3, иако “Јорганџиите“ имаа и 1:3. Сепак победа си е победа за составот на Чоло Симеоне. Со истиот резултат како гости славеше и Марсеј кај Ројал Унион.

Монако беше подобар од Галатасарај со 1:0 а Тотенхем со 3:0 беше убедлив против Славија Прага.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk