logo
logo
logo

ЛШ Полувреме: Барселона веќе има комотна предност против Олимпијакос (ВИДЕО)

Vecer | 21.10.2025

ЛШ Полувреме: Барселона веќе има комотна предност против Олимпијакос (ВИДЕО)

фото: FC Barcelona (X)

Со двата гола на Фермин Лопез, екипата на Барселона има сигурни 2:0 уште по првото полувреме на натпреварот со Олимпијакос во рамките на 3. коло од Лигата на шампионите. Каталонците отворија уште во 7. минута, кога Фермин искористи една топка која му ја остави Јамал за да погоди за водство од 1:0.

Во последните 5-6 минути од првиот дел, овојпат по асистенција на Педро Фернандез, Фермин и вторпат го матираше голманот на Олимпијакос и обезбеди сигурна предност за домашните од 2:0.

На дуелот во Казахстан, Каират Алмати иако цело прво полувреме имаше предност од играч повеќе поради црвениот картон на гостинскиот фудбалер Кореја, не успеа да погоди во мрежата на Пафос, па на пауза се замина со 0:0.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk