Европскиот првак ПСЖ има предност од 1:0 по првите 45 минути од четвртфиналниот дуел против Ливерпул во Лигата на шампионите. На мечот во Париз, домашните успеаја да го отворат резултатот со голот на младиот Дуе во 11-тата минута од натпреварот, откако 20-годишниот офанзивец погоди со прекрасен лоб удар во мрежата на Мамардашвили. ПСЖ беше подобар тим во ова полувреме, но не успеа да погоди и за поубедлива предност, откако голманот на гостите имаше две добри одбрани.
Големи возбудувања видовме во финишот на првиот дел во Барселона. Таму домашните при резултат 0:0 останаа со играч помалку, откако Кубарси доби директен црвен картон поради тоа што направи прекршок како последен играч во одбраната на Барса при нападот на гостите. Толку од слободниот удар кој го изведе Алварез, Атлетико успеа во таа 45-та минута да дојде до водство од 0:1.