logo
logo
logo

ЛШ плеј-оф: “Специјалниот“ повторно против “кралевите“! (ФОТО)

Vecer | 30.01.2026

ЛШ плеј-оф: “Специјалниот“ повторно против “кралевите“! (ФОТО)

ФОТО:facebook.com/SLBenfica/

Денеска во Нион точно на пладне се одржа ждрепката за нокаут-фазата во плеј – офот или 1/16 финалето од ЛШ. За тие екипи кои во лигашката фаза во Лигата на Шампионите се пласираа од 9. до 24. место.

Ждрепката сакаше спектакл, а тоа секако дека ќе биде двомечот меѓу Бенфика и Жозе Мурињо против Реал Мадрид. Познато е што се се случуваше во средата на „Луж“ во Лисабон кога голманот Трубин во 90+8.минута го совлада Куртоа за победа од 4:2 и за пласман на Бенфика во овој плеј -оф.

Ова ќе биде дербито во оваа фаза а кој се уште се паднаа погледнете:

ДВОЈКИ ЗА 1/16 ФИНАЛЕ

Дортмунд – Аталанта

Олимпијакос – Леверкузен

Галатасарај – Јувентус

Клуб Бриж – Атлетико Мадрид

Монако – ПСЖ

Карабах – Њукасл

Бенфика – Реал Мадрид

Бодо/Глимт – Интер

Инаку мечевите се играат на 17/18 и 24/25 февруари. Со оглед на тоа дека “костурот“ веќе одамна се знае па така се знаат и можните ривали во 1/8 финалето.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk