Со вчерашните девет меча се заокружи и 7.коло во тековната сезона во Лигата на Шампионите. Останува среда да се одиграат сите 18 мечеви и со тоа да заврши лигашката фаза во тековната сезона во најквалитетното клупско натпреварување.
Со победата над Интер на “Меаца“ со 1:3, тимот на Арсенал и натаму е единствен со максимални седум победи. И само тимот на Артета и Баерн Минхен имаат сигурен пласман во 1/8 финалето. Сите останати што се од третата до осмата позиција на табелата по ова 7.коло ќе стравуваат за својот пласман во осминафиналето.
Инаку познато е дека екипите од 9. до 24.место ќе играат плеј – оф или ќе играат во 1/16 финалето.
Има многу математики ама се ќе се знае следната среда (28 јануари) кога на програмата се сите 18 меча од тоа последно осмо коло.
Во меѓувреме можете да погледнете како сега изгледа табелата: