Њукасл прокоцна победа на домашен терен против Барселона во најинтересниот вечерен дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите. По голема и лута борба, Англичаните успеаја во 85. минута да дојдат до водство со холот на Харви Барнс, но откако истекоа четирите минути продолжување, Малик Чао направи вистинска глупост фаулирајќи го Олмо во сопствениот шеснаесетник и подарувајќи им на Каталонците пенал. Јамал успеа да погоди и да донесе реми за Барселона за конечни 1:1.
По ужасот во првото полувреме, Тотенхем успеа да дојде до поднослив пораз на гостувањето кај Атлетико (М). Домашните славеа со 5:2, но гледајќи ги случувањата на теренот, Спаарси и добро пројдоа. Домашните поведоа уште во првата половина на гостувањето кај Атлетико во Мадрид. Домашните рано поведоа, уште во шестата минута, кога Ромеро ја додаде топката од работ на шеснаесетникот до голманот Кински, а 22-годишниот Чех, обидувајќи се да ја отстрани топката се лизна и падна. Топката отскокна до играчите на Атлетико, а Љоренте ја испрати во мрежата за 1:0. Во 14-тата минута, дефанзивецот на Спарс, Мики ван де Вен, се лизна додека се обидуваше да ја фати топката. Антоан Гризман ја пресретна и го постигна вториот гол. Само една минута подоцна, мадридскиот тим постигна трет гол, откако Кински повторно киксираше сам, па Хулијан Алварез погоди за 3:0. Робин Ле Норманд постигна гол во 22-тата минута за 4:0, а Педро Поро намали на 4:1 во 26-тата минута. Во вториот дел „петардата“ за домашните ја обезбеди Алварез со својот втор гол, а конечните 5:2 ги постави Соланки.
Во Бергамо Аталанта го претрпе најтешкиот домашен пораз во меч од Лигата на шампионите. Баерн (М) славеше со 1:6 против италијанскиот состав. Олизе (2), Станишиќ, Гнабри, Џексон и Мусиала погодија за гостите, додека единствениот гол за домашните во 93. минута го постигна Пашалиќ. По оние 0:5 од Ливерпул пред 6 години, ова е убедливо најтешкиот пораз за Аталанта во Бергамо.