Денеска во 12 часот во Нион ќе се одржи ждрепката за осминафиналето во Лигата на Шампионите. Оние осум екипи кои директно се пласираа во оваа фаза како носители ќе ги дочекаат оние осум екипи кои преку плеј – офот се најдоа 1/8 финалето.
И веднаш да кажеме дека е можен мега – двомеч меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, додека европскиот првак, ПСЖ ќе се падне со Барселона или Челзи, со оглед на тоа дека “костурот“ е веќе направен.
Ова се екипите кој со кого може да се падне на денешната ждрепка, првите екипи подолу се неносители и првите мечеви ги играат на свој терен а реваншите на гостински:
-ПСЖ против Барселона или Челзи
-Галатасарај против Ливерпул или Тотенхем
-Реал Мадрид против Спортинг или Манчестер Сити
-Аталанта против Арсенал или Баерн Минхен
-Њукалс против Челзи или Барселона
-Атлетико Мадрид против Тотенхем или Ливерпул
-Бодо/Глимт против Манчестер Сити или Спортинг
-Леверкузен против Баерн Минхен или Арсенал
Инаку познато е дека натпреварите од осминафиналето во Лигата на Шампионите се играат на 10/11 и 17/18 март.
Денеска ќе се одржи ждрепката за осминафиналето и во ЛЕ (13 часот) и во Лигата на Конференции (14 часот).