logo
logo
logo

ЛШ: Бодо го „нокаутираше“ Интер, Бриж извади реми со Атлетико (М) (ВИДЕО)

Vecer | 18.02.2026

ЛШ: Бодо го „нокаутираше“ Интер, Бриж извади реми со Атлетико (М) (ВИДЕО)

Фудбалерите на Бодо направија големо изненадувањ епобедувајќи го Интер во првиот меч од плеј-офот во Лигата на шампионите на домашен терен со 3:1. Норвежаните приредија незаборавна фудбалска вечер за своите фанови, откако не му дозволија на големиот фаворит да слави на нивен терен.

Фет со голот во 20. минута ги доведе момците на Бодо во вотство од 1:0, но десетина минути потоа Интер израмни на 1:1 преку Еспозито. Во вториот дел кога Интер прв почна со голема шанса и погодена статива, се очекуваше доминација на „нероаѕурите“, но Бодо возврати со два брзи гола преку Хауге и Хогт за конечни 3:1.

Шест гола без победник видовме во Белгија. Бриж успеа во самата зваршница да се спаси од пораз од Атлетико (М) играјќи 3:3. Атлетико многу брзо успеа да поведе со 0:2, но во вториот дел домашните успеаја да се вратат за 2:2. Со автоголот на Ордонез Атлетико повторно доби водство во 79. минута, но во самата завршница Волис успеа да погоди за 3:3 и голема радост на домашните.

Во последниот вечерен меч Баер (Л) славеше со 0:2 во Грција кај Олимпијакос и со една нога зачекори кон осминафиналето.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk