logo
logo
logo

ЛШ: Арсенал го расплака „Сан Мамеш“, ПСВ посрамен од Ст. Жилоа (ВИДЕО)

Vecer | 16.09.2025

ЛШ: Арсенал го расплака „Сан Мамеш“, ПСВ посрамен од Ст. Жилоа (ВИДЕО)

Со два гола во самата завршница на натпреварот, Арсенал замина со триумф од 2:0 од гостувањето кај Атлетик во Билбао во воведниот меч од новата сезона во Лигата на шампионите. Англискиот гигант кој сезонава ќе се бори за титулите и во Премиер лигата и во Лигата на шампионите, успеа во вториот дел од мечот да ја материјализира својата одлична игра и со головите на Мартинели и Тросар да дојде до трите бода.

Домашните имаа желба, но немаа конкретно решение за играта на „топчиите“. Тие пак успеаја во 72. минута (ВИДЕО) да дојдат до една фантастично изведен контра, а Мартинели со својот прв сезонски гол покажа дека сериозно ќе се боди за стартното место во тимот. Резервистот Тросар во завршницата погоди за 0:2 (ВИДЕО) и потврда на триумфот на Англичаните.

Големо изненадување вечерва приреди белгиски Ст. Жилоа, кој на „Филипс Арената“ во Ајндховен му одржа лекција на ПСВ. Белгијците славеа со 1:3 и покажаа дека не случајно се дел од најсилното европско натпреварување.

Резултатот го отвори Давид со гол од пенал во 9. минута (ВИДЕО), а по него погодија и Ел Хаџ во 39. (ВИДЕО) и Мак Алистер во 81. минута. Почесниот гол за ПСВ го постигна Ван Бомел во 90. минута.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk