Денеска во Нион се одржа ждрепката за 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. Познати се двојките, а секако дека пред нас е мега – дерби, спектакуларен мега – двомеч меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити. ПСЖ се среќава со Челзи, исто така тоа ќе биде спектакл.
Во продолжение можете да ги видите сите двојки во осминафиналето:
ДВОЈКИ
ПСЖ – Челзи
Галатасарај – Ливерпул
Реал Мадрид – Манчестер Сити
Аталанта – Баерн Минхен
Њукасл – Барселона
Атлетико Мадрид – Тотенхем
Бодо/Глимт – Спортинг
Леверкузен – Арсенал
Познато беше дека екипите кои се домаќини на првите мечеви беа неносители на оваа ждрепка со оглед на тоа дека тие се најдоа во оваа фаза преку плеј – офот. Реваншите се играат кај оние екипи кои беа носители во оваа ждрепка зошто директно се пласираа во осминафиналето поради нивниот пласман во лигашката фаза во Лигата на Шампионите.
Натпреварите од 1/8 финалето се закажани за 10/11 и 17/18 март. Мечевите од 1/4 финалето се играат на 7/8 и 14/15 април, додека полуфиналињата на 28/29 април и 5/6 мај.
Финалето се игра на “Пушкаш Арената“ во Будимпешта на 30 мај.