logo
logo
logo

ЛШ 1/4 финале – реванши: Моќната Барса на гости во Дортмунд, “светците“ преку Бирмингем во следната фаза!

Vecer | 15.04.2025

ЛШ 1/4 финале – реванши: Моќната Барса на гости во Дортмунд, “светците“ преку Бирмингем во следната фаза!

Вечерва од 21 часот се играат две реванш средби од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите. На “Вила Парк“ во Бирмингем се среќаваат Астон Вила и ПСЖ. Секако дека со оглед на резултатот од првиот меч во Париз, кога беше 3:1 за “светците“ на Англичаните ќе им треба мало чудо, а посебно ако се знае во каква форма игра тимот на Луис Енрике, да одат понатаму.

Секоја чест за Унаи Емери, секоја чест за некогашниот европски првак од 1982 година, но ПСЖ игра во фантастична форма. Ова е тимот кој во моментов е најдбриот во светот и Вила ќе треба добро да внимава да не доживее уште еден убедлив пораз. Секако, ова е фудбал, но тука нема место за никакво чудо.

Да кажеме дека победникот од овој дуел во полуфиналето се среќава со подобриот од двомечот меѓу Реал Мадрид и Арсенал.

Во Дортмунд пред преполниот “Вестфален“, домашната Борусија ја дочекува Барса. Тука пак уште помали се шансите за било каква сензација. На “Монжуик“ во средата беше 4:0 за четата на Ханси Флик, па така тука се е јасно. Ќе треба само да се ужива во една убава фудбалска претстава.

Инаку победникот од овој двомеч во следната фаза се среќава со подобриот од двомечот Интер – Баерн Минхен.

ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРВА – 21 Ч

Бирмингем: Астон Вила – ПСЖ (1:3)

Дортмунд: Борусија Дортмунд – Барселона (0:4)

*Во загради се резултатите од првите мечеви


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk