logo
logo
logo

Лопетеги и Санчез фаворити за клупата на Реал Сосиедад

Vecer | 25.04.2025

Лопетеги и Санчез фаворити за клупата на Реал Сосиедад

Откако и официјално Реал Сосиедад објави дека сегашниот тренер Иманол Алгуацил  по шест и пол годишен мандат, си заминува од клубот по крајот на тековната сезона, јавноста во Шпанија уште од сега шкекулира со неговиот наследник.

Денешна Марка лицитира со неколку имиња, а она што остава впечаток е следново. Сите би сакале да го видат Чаби Алонсо на клупата, поренешен играч на Сосиедад, но тој е реално далеку од овде затоа што има огромен успех со Баер Леверкузен и е на пат многу веројатно да го преземе Реал Мадрид.

Од друга страна пак, далеку пореална можност се поранешниот селектор на Шпанија и Реал Мадрид, Хулен Лопетеги. Како втора опција се споменува и во моментов тренерот на Гирона, Мишел Санчез. Тој пак има активен договор секако и откупна клаузула од два милиона евра. Серхио Франциско, кој е тренер на младинскиот тим на Сосиедад исто така е во комбинација но е последна опција во моментов.

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk