logo
logo
logo

ЛН: Франција ја растури Италија за четвртфинале, Израел со пирова победа над Белгија (ВИДЕО)

Vecer | 17.11.2024

ЛН: Франција ја растури Италија за четвртфинале, Израел со пирова победа над Белгија (ВИДЕО)

Франција ја совлада селекцијата на Италија со 3:1 на гости и со тоа ја прескокнаа директната борба за првото место во групата „2“ од А-сегментот во Лигата на нации. Французите им се одмаздија на Италијанците на крилата на неверојатните Лука Дињ и Адриен Рабио. Дињ постигна гол од слободен удар и додаде уште две асистенции за Рабио за голема победа вредна прво место.

Иако без Килијан Мбапе, Французите вечерва ја покажаа сета своја моќ. Италијанците останаа втори, додека Белгијците останаа трети, откако вечерва загубија од Израел со резултат 1:0, а иако имаат ист број бодови – 4, Белгија остана трета поради подобра гол разлика. Израелците се селат во дивизијата Б.

Стрелец на единствениот гол за Израел беше Шуа во 86. минута.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk