logo
logo
logo

Ливерпул се спрема за завршен удар: За 200 милиони евра ќе ги потпише Исак и Гуеи!

Vecer | 31.08.2025

Ливерпул се спрема за завршен удар: За 200 милиони евра ќе ги потпише Исак и Гуеи!

ФОТО: FC Liverpool/FB

И дефинитивно Ливерпул денеска и утре, во последните два дена од преодниот рок ќе биде еден од најактивните. Раководството на “Редси“ планираат да дадат уште 200 милиони евра за Александер Исак и Марк Гуеи. Ако успеат да го доведат напаѓачот на Њукасл и дефанзивецот на Кристал Палас, тогаш актуелниот шмапион ќе има совршен летен преоден рок.

Клубот од „Енфилд“ планира со 150 милиони евра и нешто бонуси конечно да дојде до Александар Исак, додека за околу 40 милиони евра и 10 насто од наредниот трансфер, веројатно ќе го договори Марк Гуеи од Крситал Палас.

Повеќе од јасно е дека со овие двајца, Арне Слот ќе има супер тим и ќе може да ги нападне трофеите во сите натпреварувањам, пред се во Премиерлигата и во Лигата на Шампионите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk