logo
logo
logo

Ливерпул поготвен за напад: Кристал Палас потврди дека Гуехи ќе биде продаден!

Vecer | 11.08.2025

Ливерпул поготвен за напад: Кристал Палас потврди дека Гуехи ќе биде продаден!

фото: Crystal Palace F.C. (X)

Кристал Палас реши дека, сепак, е најдобро да го продаде капитенот Марк Гуехи. Според пишувањата на весникот „Гардијан“, 25-годишниот централен бек наскоро ќе почне преговори со Ливерпул, кој цело лето се интересира за него.

Стив Париш, претседателот на лондонскиот клуб на прашањето дали ќе му дозволат на Гуехи да си замине овој месец доколку биде добиена разумна понуда, тој одговорил: „Секако дека ќе мора да го сториме тоа. Само треба да почекаме и да видиме што ќе се случи. Но, има само две решенија. Или да потпише нов договор или ќе биде продаден“.

Договорот на Гуехи со Палас е до летото следната година. Лондончани наводно се подготвени да го пуштат Гуехи за сума од 40 милиони фунти.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk