logo
logo
logo

Ливерпул може да бара од Клоп да ја спаси сезоната?

Vecer | 29.11.2025

Ливерпул може да бара од Клоп да ја спаси сезоната?

Раководството на Ливерпул може да се обрати до поранешниот менаџер на тимот, Јирген Клоп, со барање Германецот да се обиде да ја спаси сезоната на тимот, во случај падот да продолжи и да доведе до разделба од Арне Слот.

Теоријата за можно враќање на Клоп ја лансираа разни извори во последните недели, а на Островот дури го посочија Германецот како фаворит да биде нов менаџер на Ливерпул.

Според „Сан“, сепак, Клоп може да се врати само со идеја да помогне неколку месеци, по што долгорочната идеја е поинаква. Изданието тврди дека големата цел во оваа насока е тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике.

Информациите велат дека раководството е подготвено да го чека Слот до Нова Година за да види дали ќе има капацитет да се справи со кризата. Сепак, евентуален нов пораз од Вест Хем во недела би го зголемил притисокот врз Холанѓанецот.

Самиот Слот изгледаше доста смирен на вчерашната прес-конференција и рече дека разговарал со сопствениците и е сигурен дека тие продолжуваат да имаат доверба во него.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk