logo
logo
logo

Ливерпул купува дефанзивец на Клуб Бриж за 50 милиони евра?!

Vecer | 02.01.2026

Ливерпул купува дефанзивец на Клуб Бриж за 50 милиони евра?!

ФОТО: Liverpool FC/FB

Шмпионот на Англија и тоа како има намера да ја засили својата одбрана која оваа сезона е далеку од потребното ниво. Па така 21-годишниот централен бек на белгискиот Клуб Бриж, Жоел Ордонез, треба да потпише за Ливерпул во јануари, а трансферот се проценува на 50 милиони евра, објавија британските медиуми. Ордонез е стартер во првиот тим на белгискиот клуб. Челзи исто така беше заинтересиран за него, но лондонскиот клуб на крајот се откажа од трката за потпишување на еквадорскиот репрезентативец.
Ордонез ја започна својата кариера во еквадорскиот Индепендиенте, а во 2022 година се пресели во Клуб Бриж, кој плати 4 милиони евра отштета за него. Првично играше за вториот тим на белгискиот клуб, кој се натпреварува во втората лига, и благодарение на добрите настапи, брзо се проби во првиот тим на Клуб Бриж. Може да игра и како десен бек, а досега има 14 настапи за еквадорската репрезентација. На Ливерпул му е потребен централен бек, со оглед на тоа што Вирџил ван Дајк и Ибрахима Конате играат на таа позиција речиси цела сезона. Ливерпул се обиде да го доведе Марко Гуехи во текот на летото, но засега нема ништо од тоа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk