logo
logo
logo

Ливерпул издал повеќе од 1000 доживотни забрани за влез на стадион

Vecer | 26.09.2025

Ливерпул издал повеќе од 1000 доживотни забрани за влез на стадион

фото: Khaled #LFC (X)

Англискиот шампион Ливерпул соопшти дека издале повеќе од 1.000 доживотни забрани и затвориле 45.000 лажни сметки поради нелегална продажба на билети.

Многу луѓе ширум светот сакаат да одат на „Енфилд“ кога Ливерпул игра дома во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Ова значи дека има неверојатна побарувачка за билетите, што доведе до појава на лажни сметки и лажни билети.

Управата на Ливерпул потврди дека досега има изречено 1.114 доживотни суспензии само за изминатата сезона, а исто така со нивниот IT сектор имаат затворено над 45.000 веб-адреси кои продавале лажни билети.

Покрај тоа, сè уште се истражуваат дополнителни 10.000 други сомнителни страници.

Во сезоната 2023-24, Ливерпул издаде само 75 доживотни суспензии, а затвори над 100.000 лажни профили. Во сезоната 2024-25, на речиси 500 луѓе им беше одбиен влез на стадионот кога се обиделе да влезат со лажен билет од телефон.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk