logo
logo
logo

Леверкузен си гази во Бундеслигата…(ВИДЕО)

Vecer | 30.09.2023

Леверкузен си гази во Бундеслигата…(ВИДЕО)

 

Попладнево се одиграа пет меча од 6.коло во Бундеслигата. Тимот на Чаби Алонсо, Баер Леверкузен уште една докажа дека е во страшна форма. На гости кај Мајнц победи со 0:3, ова беше петти триумф на “фармацевтите“, имаат и едно реми,и затоа се лидери на табелата.

Головите беа дело на Ван ден Берг автогол, Грималдо и Хофман.

Штутгарт на гостувањето кај Келн славеше со 0:2, и тоа со  двата гола на Ундав.

Волфсбург со головите на Винд, промаши и еден пенал, успеа да го победи Франкфурт со 2:0. Додека Хајденхајм како домаќин со 1:0 го изненади Унион Берлин, стрелец на голот беше Бесте во 59.минута.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk