logo
logo
logo

Левандовски таличен и донесе три бода на Барса

Vecer | 04.04.2026

Левандовски таличен и донесе три бода на Барса

фото: Diario AS @diarioas (X)

Во последниот вечерашен дуел од 30-тото коло од шпанската Ла Лига меѓу Атлетико Мадрид и Барселона, гостите успеаја да слават со 1:2.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Џулијано Симеоне, го постигна првиот гол на натпреварот во 39-тата минута, но Маркус Рашфорд израмни во 42-тата минута. Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Николас Гонзалез потоа доби директен црвен картон за прекршок врз Ламин Јамал и беше исклучен во 7-мата минута пд судиското продолжение во првиот дел.

На почетокот на второто полувреме, судијата го поништи исклучувањето на дефанзивецот на Барселона, Жерар Мартин, откако го прегледа ВАР системот. Одлуката стигна во финишот, кога напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, постигна гол во 87-мата минута, со што го постави конечниот резултат 1:2.

По 30 кола од шпанското првенство, Барселона има 76 бода и е на врвот на табелата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk