logo
logo
logo

Левандовски постави нов рекорд во Лигата ма шампиони

Vecer | 19.03.2026

Левандовски постави нов рекорд во Лигата ма шампиони

Роберт Левандовски сруши уште еден рекорд во Лигата на шампионите. Со два гола во убедливата победа на Барселона од 7-2 над Њукасл во реваншот од осминафиналето, полскиот напаѓач го престигна Лионел Меси на посебната листа на играчи кои постигнале најмногу голови за различни тимови во историјата на натпреварувањето. Њукасл стана 41-от клуб за кој Левандовски ја погоди мрежата.

Со два гола постигнати против англискиот клуб, Левандовски се одвои од Меси, кој остана на бројката од 40 различни противници. Иако неговите голови за 5:2 и 6:2 стигнаа во моментот кога победникот веќе беше решен, поранешниот напаѓач на Баерн Минхен повторно ја потврди својата класа на голови. Неговиот импресивен број на голови во Лигата на шампионите сега изнесува 109 гола на 141 настап, што го прави единствениот играч покрај Меси и Кристијано Роналдо кој постигнал повеќе од 100 голови во натпреварувањето.

Иако е тешко да се очекува дека ќе ги стигне Роналдо и Меси на вечната ранг-листа на стрелци, каде што двајцата се далеку понапред, Полјакот успеа да го освои овој уникатен рекорд и да се запише во историјата на натпреварувањето на друг начин.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk