logo
logo
logo

Левандовски имал таен состанок со својот нов клуб, Лапорта тоа го знае

Vecer | 02.01.2026

Левандовски имал таен состанок со својот нов клуб, Лапорта тоа го знае

Фото: ФЦ Барселона/Твитер

Според „Билд“, полскиот голгетер и неговиот агент Пини Захави наводно одржале таен состанок со претставници на клубот од МЛС, Чикаго Фајер, во Барселона, непосредно пред празниците. Овој состанок не беше објавен во медиумите, но „Билд“ тврди дека бил одржан со намера да се разгледаат опциите на Левандовски во американската лига, која во последно време привлекува сè повеќе европски ѕвезди. Според истите извори, меѓу присутните имало луѓе од „Чикаго Фајер“, а темата на разговорот била потенцијален трансфер по завршувањето на неговиот договор со Барселона.
Раководството на Барселона, вклучувајќи го и претседателот Хоан Лапорта, според тврдењата на медиумите, се запознаени со овие преговори и ја следат ситуацијата. Интересот на клубовите од МЛС не е изненадување: лигата од САД има за цел да донесе ѕвезди кои би ја зголемиле видливоста и квалитетот на натпреварувањето, а искуството на Левандовски би бил огромен „бренд“ потег.
Сепак, приказните за конкретен договор остануваат само шпекулации, и како што вели самиот Левандовски, тој сè уште не донел цврста одлука за својата иднина и нема да одлучи додека не ја заврши сезоната и не ги разгледа сите опции.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk