logo
logo
logo

Летен преоден рок: Рашфорд се враќа во Јунајтед, Баерн го “пикира“ Луис Диаз, Барса го продава Фермин Лопез, чистка во Мадрид!

Vecer | 30.06.2025

Летен преоден рок: Рашфорд се враќа во Јунајтед, Баерн го “пикира“ Луис Диаз, Барса го продава Фермин Лопез, чистка во Мадрид!

Се разбира дека денешната “бомба“ во светот на фудбалот е најавеното заминување на Лео Меси од Интер Мајами.

Од друга страна интересна вест доаѓа од Островот, а таа е дека Астон Вила нема намера да го откупи Маркус Рашфорд и дека тој се враќа во Манчестер Јунајтед. Јасно е дека гигантот од “Олд Трафорд“ сака по секоја цена да го продаде својот напаѓач, ама едноставно нема понуди репрезентативецот на Англија кој има желба да замине во Барселона.

Луис Диас е “пикиран“ од Баерн Минхен. Германскиот гигант го посакува напаѓачот на Ливерпул, Колумбиецот и тоа како добро би му дошол на Винсент Компани, но сепак се прашува и Ливерпул.

Веста од Каталонија е дека Барселона има намера да го продаде Фермин Лопез. Како што пишуваат медиумите во Каталонија тоа ќе се направи само ако дојде добра понуда за офанзивниот играч за врска.

Од друга страна медиумите во Шшанија наголемо пишуваат дека Диего Симеоне прави чистка.

Тој, односно Атлетико Мадрид им се заблагодарил на Сезар Аспиликуета, Анхел Кореа, Аксел Витсел и на Реиналдо.

ФОТО: ФЦ Манчестер Јунајтед/Х


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk